Групацијата ГИБРИС е семејна компанија, основана во 2014 година, чии основачи се со огромно и долгогодишно искуство во градежништвото, и тоа во сите негови гранки, проектирање и статика, изведба и надзор, нискоградба и високоградба.

Увидувајќи ја потребата и побарувањето, на пред сè, квалитетни објекти за домување, компанијата го фокусираше своето работење на изведба на мали и интимни објекти на премиум локации во централното градско подрачје на Скопје.

Нашата мисија е на секој наш клиент да му обезбедиме највисок стандард на домување, и гаранција дека со имплементацијата на најквалитетни материјали во објектот, каде што освен дом и врвни услови за живеење, со тек на времето, клиентот добива и зголемена вредност на својата инвестиција.

Имајќи го во предвид брзиот развој на технологиите и материјалите во градежништвото, наша опсесија е постојано да се стремиме кон достигнување на светските архитектонски трендови, нови технологии и користење на модерни и првокласни материјали за градба во нашите објекти. А сето тоа за подобар, поквалитетен и покомфорен дом за секое семејство.

Контакт: 079/339-463 | 070/243-671 | [email protected]

Проекти

Наши партнери

Материјали и имплементирани технологии

Wienerberger - австриска термоблок цигла на надворешна фасада која овозможува високо енергетски фасаден систем со огромна заштеда на електрична енегрија и минимален трошок за греење

Rehau прозорци, со Roto оков и Saint-Gobain 4К сезонско стакло полнето со аргон

Velux кровни прозори

Целосно имплементирани Кnauf системи, 12см демит фасада, W112 внатрешни меѓусобни преградни системи и MP75 гипсан малтер

Pestan - безшумна водоводна и канализациона инсталација

DiPorte & Vighi - италијанска противпожарна блиндор влезна врата

Supporta Strong собни врати со звучна изолација

Исклучително економичен Rehau систем за подно греење&ладење, со специјална кошулица за топлотна спроводливост, кој е поврзан со топлотна пумпа воздух/вода за подно греење&ладење

Инвертер клими

Marazzi плочки

Grohe санитарија

Geberit вградени казанчиња

Ariston&Stiebel Eltron – обични и проточни бојлери

Tarkett - трослоен паркет подобен за подно греење

Премиум класа на храстов паркет

Имплементиран VERA Smart Home System за целосна контрола и удобност во секојдневното живеење, со аларм против кражба, пожар и поплава, подесување на греење и ладење, сетирање на осветлувањето во станот итн., а сето тоа преку мобилна апликација.